Манчестер сити прв финалист во ФА купот

Манчестер сити ќе игра во финалето на англискиот ФА куп, откако забележа минимална победа над Брајтон со 1:0 во првото полуфинале. Голот вреден финале, го постигна Габриел Жезус во 4. минута.
Противник на „граѓаните” во дуелот за трофејот ќе биде подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Вотфорд и Вулверхемптон.
Видео на денот