Манасков и Веспрем ќе играат за четвртата титула во СЕХА лигата

По петти пат во својата историја Веспрем од Унгарија ќе игра во финалето на СЕХА Газпром лигата, а таму в недела од 19.00 часот ќе се соочи со ППД Загреб.
Во денешното второ полуфинале на Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска) Веспрем со резултат 36:29 триумфираше над Мотор Запорожје, по првите 30 минути со 20:14.
Најрасположен во победничките редови беше Маргуч со девет голови, а придонес во победата имаше и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со два погодоци. За украинскиот претставник осум голови беа дело на Хориха.
Мотор Запорожје в недела од 16.30 часот за третото место на турнирот ќе игра против белорускиот Мешков Брест.
Веспрем ќе ја брка својата четврта титула во регионалното натпреварување, претходно беше шампион во 2015, 2016 и 2020 година.
За ППД Загреб ова ќе биде четврто финале, единствениот СЕХА трофеј го освоија во сезоната 2012/2013. Вардар и после овој турнир ќе остане со најмногу трофеи во СЕХА, вкупно пет.
Обрван: Вардар е виновен што дозволи сите негови играчи да не се вакцинираат