Македонија со четворица борачи на Европското првенство за сениори

Македонската репрезентација во борење во слободен стил ќе биде застапена со четири претставници на Европското сениорско првенство кое од 8 до 14 април ќе се одржи во Букурешт, Романија.

Боите на Македонија ќе ги бранат Владимир Егоров (-57 кг), Елмедин Сејфулаху (-61 кг), Фати Вјесели (-65 кг) и Могамедгаџи Нуров (-92 кг).
Најголем адут за висок пласман е Нуров кој досега во неколку наврати беше блиску до освојувањето на медал.

Видео на денот