Мајкрoсофт Македонија во Штип го организира караванот „DigiGirlz”

Денеска во Штип во организација на Мајкрoсофт Македонија во просториите на Кампус 2, Факултет за информатика при УГД, ќе се одржи „DigiGirlz”, чија цел е да се инспирираат, едуцираат и поддржат девојки кои сакаат да бидат дел од „IT“ светот и СТЕМ професиите.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат Цвета Мартиновска Банде, декан на Факултет за информатика при УГД, Елисавета Нојковска, Регионален маркетинг менаџер за модерното работно место за 24 држави.
На присутните ќе им се обрати и Ирена Ивановска, раководителка на ИТ про одделот во СЕМОС, Нина Николиќ, координаторка на „Swiss EP“, проект на швајцарската Влада за поддршка на претприемништвото во Македонија, Ивана Станковиќ, менаџерка за инвестиции на „South Central Ventures“, Моника Ризовска, менаџерка на „Cosmic Development“, Јана Клопчевска, доцентка на Технолошко – металуршкиот факултет и Марија Мелкова,претставничка од „Microsoft“.
Овој настан е дел од караванот на Мајкрoсофт Македонија, кој покрај Штип, се одржува и во Скопје, Тетово и Битола.