„Lyft“ ветува дека ќе ја намали загубата во 2020 година

Едно од најпоставуваните прашања во врска со американскиот технолошки стартап, „Lyft Inc.“, додека ја нуди својата првична јавна понуда за инвеститорите, е како ќе продолжи да работи со значителна загуба. Во четвртокот, „Lyft Inc.“ им потенцираше на повеќето потенцијални акционери да очекуваат пад во трошоците во следната година, објави „Блумберг“, цитирајќи свои извори.

Директорите на „Lyft“ одговорија на голем број прашања на инвеститорскиот настан во Њујорк. Тие рекоа дека 2019 година ќе биде врвна година за инвестициите, велат учесниците, вклучително и Шон Ким, финансиски аналитичар на „Gabelli Funds“. „Lyft“ јасно стави до знаење дека примарната јавна понуда, која има за цел да привлече 2,1 милијарда долари, мора да го обезбеди целиот капитал што ќе му треба на бизнисот.

Споделеното патување сè уште не се покажа како одржлив бизнис. Загриженоста за губење на загубите продолжува да го измачува „Lyft“ и неговиот поголем ривал „Uber Technologies Inc.“, кој се очекува да го направи своето сопствено ИПО веќе следниот месец.

„Lyft“ изгуби 991 милион долари во приходи од 2,2 милијарди долари во минатата година. Сепак, интересот на инвеститорите е висок. Компанијата со седиште во Сан Франциско се очекува да ги пласира своите акции на 28 март и да започне со тргувањето на Nasdaq веќе следниот ден. Портпаролот на „Lyft“ одби да коментира за оваа тема.

Видео на денот