Лукаку реален: Барселона не е ПСЖ

Екипата на Барселона оствари минимален триумф на гостувањето на „Олд Трафорд“ во првиот четвртфинален натпревар но навивачите веруваат дека може да се повтори случајот со ПСЖ. Во осминафиналето ПСЖ на првиот натпревар славеше со 2:0 на „Олд Трафорд“ но во реваншот фудбалерите на Манчестер јунајтед се надминаа и славеа со 3:1 со што си обезбедија дуели со Барселона.
За разлика од навивачите, фудбалерите на англискиот тим се пореални и сметаат дека ги очекува неверојатно тешка задача во реваншот на „Камп Ноу“.
– Мора да имаме поголема самодоверба во реваншот. Ќе мора да создаваме многу повеќе шанси и да играме со поголема желба за триумф. Дали ќе се пласираме понатаму? Ќе биде многу потешко бидејќи Барса не е ПСЖ – реален е напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку.