ЛШ: Опомена за Вардар 1961, Кил немоќен против Монпеље

Монпеље со изненадувачки висок резултат го совлада Кил (37:30)/Монпеље, Франција/30 септември 2021/Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

Денеска се комплетираше третото коло во ракометната ЕХФ Лигата на шампионите во групата „А“, на натпреварот во Франција Монпеље го надигра Кил со изненадувачки висок резултат 37:30.

Тоа е прв триумф за играчите на тренерот Патрис Канаје сезонана во најквалитетното европско клупско натпреварување, а прв пораз за составот на Филип Јиха.

Во победничките редови осум голови беа дело на средниот бек Вилемино со осум голови, еден помалку запиша десното крило Бос.

На спротивната страна за бундеслигашот девет голови беа дело на Екберг, пет имаше Сагосен.

ВИДЕО: Порто слави, спектакуларна одбрана на Митревски во Лигата на шампионите

Токму Монпеље е следниот ривал на Вардар 1961 во ЛШ, овој меч ќе се одигра на 13 октомври во Скопје.

Моментно на табелата во групата „А“ после три кола водат Пик Сегед и Вардар 1961 со по пет бодови, по четири имаат Алборг и Кил, три Монпеље, два Елверум, еден ППД Загреб и без бодови Мешков Брест.

Видео на денот