Лоши и добри вести за делта сојот: Кој не сака вакцина по никоја цена, ќе добие вирус, порано или подоцна

вакцинација вакцини вакцинирање јане сандански (7)
Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Потврдено е дека делта сојот пристигна во Македонија, а за тоа колку се разликува од „обичниот“ коронавирус, во неколку наврати зборуваа стручњаците.

Што треба да знаете за делта сојот на коронавирусот објаснил д-р Милош Бабиќ, српски невробиолог и молекуларен биолог од Сан Диего. Тој предупредил: „Кој не сака вакцина по никоја цена, ќе добие вирус, порано или подоцна“, пишува „Мондо.рс“.

Според првите сознанија, оваа мутација е позаразна, полесно се пренесува и повеќе ги погодува младите луѓе, а не се воочени типичните симптоми – губењето на сетилата за мирис и вкус.

Регистрирани се нови симптоми, но нивната зачестеност не е потврдена

За разлика од претходните соеви, за делта сојот е пријавена низа нови симптоми: губење на слухот (понекогаш и трајно), многу посериозни гастроинтестинални проблеми, а во ретки случаи и периферна гангрена како резултат на целосна блокада на капиларите од микротромбови. За среќа, ова не е знак за промена во механизмите кои вирусот ги користи, само се работи за зголемување на ефективноста и брзината на инфекцијата. Новите симптоми се најверојатно резултат на зголеменото и забрзано ширење на вирусот во организмот, што предизвикува повеќе микротромбови, фузија помеѓу клетките и слично, отколку кај другите соеви.

Делта сојот е позаразен од првиот сој на вирусот

Кај почетниот сој на ковид-19, секоја заразена личност ја пренесуваше заразата на отприлика две личности ( R₀=2.3). Поранешните проценки укажуваат дека човек кој е заразен со делта сојот може да зарази од пет до осум личности (проценката на д-р Бабиќ е R₀=7.1). Кога еднаш ќе се појави во одреден регион, делта сојот набрзо станува доминантен.

Ефикасноста на вакцините против делта сојот

Добра вест е – вакцините, сепак, добро се држат против делта сојот. Иако опаѓа способноста вакцините да се спротивстават на самата зараза, тие и понатаму ги спречуваат поголемиот број сериозни форми на оваа болест кај повеќето вакцинирани.

Вакцината „Фајзер/Бионтек“ покажува 96 отсто заштита против потешките облици на болеста, „АстраЗенека“ околу 92 отсто, „Џонсон и Џонсон“ 85-90 отсто. За „Спутник“ се очекува слична ефикасност како за „АстраЗенека“.

Видео на денот