Листата на желби на Солскјер „тежи“ 300 милиони евра

EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Манчестер јунајтед и менаџерот Оле Гунар Солскјер се подготвуваат за агресивен пристап на летниот трансфер пазар и се подготвени да издвојат дури 300 милиони евра за три засилувања.  Солскјер се надева дека со евентуалниот ангажман на тројцата нови фудбалери, неговиот тим би бил доволно конкурентен следната сезона да влезе во трката за титулата со Манчестер сити и со Ливерпул.

Првото име на списокот е тоа на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали за кого англискиот тим е подготвен да издвои 120 милиони евра што би претставувало светски рекорд кога се во прашање одбранбени играчи. Солскјер верува дека Кулибали е идеален избор да биде лидер на одбраната и затоа нема намера да жали средства за негов ангажман.

Второто име на списокот е на младата англиска сензација Џејдон Санчо кој настапува за Борусија Дортмунд. Германскиот тим претходно им најави на заинтересираните екипи да не се обидуваат да преговараат доколку не понудат 100 милиони фунти (120 милиони евра). Солскјер смета дека таа сума е исплатлива доколку го добие еден од најталентираните светски фудбалери.

Последната желба на Манчестер јунајтед е Португалецот Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон. Тој треба да го зазеде местото на Андер Ерера и на Фред во средниот ред. Фернандеш кој минатата сезона на 42 натпревари постина 23  голови и имаше 13 асистенции има клаузула од 100 милиони евра но во англискиот тим очекуваат дека ќе успеат да го ангажираат за 60 милиони евра.

Видео на денот