Лесен и посен ручек – Печен зеленчук со просо

За денес подгответе брз, лесен и посен ручек за целото семејство…

– 1 модар домат

– 1 тиквичка

– 2 црвени домати

– 2-3 зелени пиперки

– 1 шоља варено просо

– зачини сол,бибер,босилек,може и лук во прав

– 1 шоља млеко, можете и некое растително млеко ако сакате посно јадење

– по желба кашкавал, моцарела, сирење – доколку не сте за посна варијанта

Зеленчукот се мие, се сецка на кругови и се реди во помал подмачкан со зејтин плех.

Вареното просо се меша со млекото и зачините и се посипува врз зеленчукот. Се затвора со алуминска фолија и се пече во рерна околу 20 мин на 200 степени. Потоа се трга фолијата и се допекува уште 10 мин да фати коричка. Ако сакате можете да ставите и рендан кашкавал или моцарела доколку обожувате сирења.

Видео на денот