Леброн втор пат во кариерата остана без плејоф
Поразот на ЛА Лејкерс од 106:111 од Бруклин нетс и официјално отпадна од трката за пласман во плејофот во НБА лигата. Ова за Лејкерс ќе биде шеста сезона по ред како не се дел од разигрувањето за титулата но разочарувањето е поголемо ако се знае дека од оваа сезона дел од тимот е и најдобриот светски кошаркар, Леброн Џејмс.
Џејмс кој за прв пат од 2005 година кога беше дел од Кливленд кавалирс нема да игра во плејофот изјави дека повредите се клучниот фактор за неуспехот.
– Јас ќе продолжам да го работам тоа што го правев и досега. Морам да се подготвам и ментално бидејќи ова не е тоа што сите го очекувавме. Ова беше тешка сезона но такви работи се случуваат како суспензии и повреди и на нив не можеме да влијаеме – изјави Џејмс.
Видео на денот