Лажна вест на Фејсбук ги натерала мигрантите да тргнат кон македонско-грчката граница

Фото: EPA-EFE/SOTIRIS BARBAROUSIS

Попладнево нови инциденти во бегалскиот камп „Диавата“ во близина на Солун. Мигрантите повторно се обидоа да ги пробијат полициските блокади и да стасаат до грчко-македoнската граница. Ја запалија и тревата меѓу нив и полициските сили, но тоа не им помогна да избегаат. Со солзавец и шок бомби полицијата се обиде да ги спречи, јавуваат светските медиуми.

Она што ги мобилизираше околу 500 мигранти меѓу кои и цели фамилии со мали деца да дојдат во камп кој се наоѓа на 60-тина километри од македонско-грчката граница е лажна вест која се ширела на социјалните мрежи дека границата западно-балканската рута ќе биде отворена.

На јужната граница е зголемено обезбедувањето потврди министерот за внатрешни Оливер Спасовски – вели дека секојдневно добива информации од грчките колеги за состојбите во грчките кампови.

-Преку посебни планови е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Северна Македонија. Досега станува збор за група од околу 1.200 до 1.500 мигранти. Засега грчките колеги ја контролираат таа бројка, но секако имаме обврска да бидеме подготвени да ја штитиме границата, изјави Спасовски.

Спасовски уверува дека полицијата  е подготвена да одговори на предизвиците и посочува дека западно – балканската рута е затворена, па мигрантите најчесто патот кон ЕУ го продолжуваат преку Албанија.

Видео на денот