Куче обвинето дека изело 100 зелки: Барале да му земат отпечатоци од шепите

Кучето по име Чапунио се најде во центар на истрагата, откако беше посочен за главен осомничен за кражба и уништување на сто зелки од фарма во селото Јанишов, Полска.
Неговата приказна беше споделена во „Случај за репортер“(„Sprawa dla reportera“), истражувачка програма на јавниот сервис што се обидува да реши градежни спорови.
Meanwhile, in polish news “Ciapunio – suspected of eating 100 heads of cabbage” pic.twitter.com/8EmfE2qGi4
— Emma Szewczak (@EmmaSzewczak) September 25, 2023
Во еден момент, на екранот била прикажана фотографија од куче со натпис дека е „осомничено дека изело сто зелки“.
Во текот на програмата, водителката открила дека сопствениците на фармата побарале од полицијата да земе и отпечатоци од шепите на Чапунио, во обид да го реши случајот.
Nawet nie wiem, od czego zacząć pic.twitter.com/S8nlQuPIxI
— Jakub Wencel (@kuba_w) September 24, 2023
„Но, дали тој е крадецот што треба да се испитува?“, праша таа.
Појавувајќи се во емисијата, пензионираниот полициски началник потврди дека полицајците ќе имаат право да ги земат отпечатоците на кучето.
Оваа необична приказна набрзо го освои интернетот, а во целиот случај се вклучи и адвокатот Плотр Кашевијак кој е чест гостин на програмата. Тој објави фотографија од кучето со натпис дека е невино.
Во меѓувреме, Чапунио стана инспирација за мимови (memes), а на социјалните мрежи беше објавен хаштаг за негова поддршка.