Крем супа со лук

Состојки:

10 чешниња лук

1 лажица брашно

700 мл супа од коцка

1 главица кромид

100 мл бело вино

половина лажичка мелени чили пиперчиња

половина лажичка маслиново масло

магдонос, сол, бибер

Подготовка:

Во тенџере на загреано масло го додаваме сечканиот кромид, малку посолуваме и пржиме на тивко додека не омекне.

Потоа го додаваме иситнетиот лук, налеваме бело вини, и вариме на тивок оган 15-ина минути.

Пред крај на варењето супата ја миксираме со рачна мешалка, зачинуваме со сол, бибер и мелена чили пиперка.

Се служи во длабоки чинии, а одозгора се наросува со сечкан магдонос.

Видео на денот