Кралски орден за Саутгејт

Герет Саутгејт за успесите со англиската фудбалска репрезентација денеска денеска ја доби најважната награда, тој во Бакингемската палата од Принцот Чарлс доби орден кој припаѓа на редот на Британската империја.

Тој наградата својот орден им го посвети на англиските репрезентативци кои на последното Светско првенство во Русија 2018 година го освои четвртото место. Претходно беше и селектор на младата репрзентација до 21 година.

– Многу сум горд во овој момент. Во фудбалот сум 30 години и дел од мене е горд на сите кои ми помогнаа во периодот кога бев играч и учев од врвни тренери. Свесен сум дека признание е поради успехот од минатото лето и многу сум им благодарен на сите фудбалери кои работеа со мене. Јас и во овој момент ги претставувам сите нив – изјави Саутгејт по примањето на орденот.

Видео на денот