Кралицата Елизабета донела остра забрана за Меган Маркл

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Таблоидите одамна шпекулираат за тоа која ѝ е омилена снаа на кралицата Елизабета. Досега таа не излегла со официјална изјава, но нејзините постапки го даваат одговорот на тоа прашање.

Според британските таблоиди, близок извор на кралското семејство открил дека кралицата ѝ забранила на Меган да носи накит кој припаѓал на покојната принцеза Дијана. Кејт Мидлтон сè уште може и смее да го прави тоа. Наводно, кралицата не била импресионирана од однесувањето на Меган, која неколкупати досега го има прекршено кралскиот протокол.

Според истиот извор, ваквата одлука е на сила уште пред венчавката на Меган и Хари. Војвотката од Сасекс сакала да носи круна со смарагди, но тоа не било дозволено бидејќи потеклото на камењата било непознато. Хари наводно се налутил, што уште повеќе ја иритирало кралицата. Иако досега неколкупати носела накит кој припаѓал на починатата принцеза, таа веќе нема да може да го прави тоа.

Видео на денот