Крадец во Скопје влегол во подрум на зграда: Иако не одзел ништо, пак го уапсиле

Македонска полиција/ Фото: МИА

На ул.„Никола Малишевски“ во Скопје, вчера околу 20:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(24) од Скопје.

Непосредно пред тоа, тој со употреба на сила и подесен алат влегол во подрумски простории во зграда на наведената улица, извршил претурање, но не одзел ништо.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

Видео на денот