Кошаркарот со најкратка кариера во НБА, уапсен за поседување пиштол и продажба на марихуана

Кошаркарот ЏејмсОн Кари, своевремено 51 пик на Чикаго Булс, е играчот со најмалку одиграни минути/секунди во историјата на НБА лигата.
Бекот роден во Северна Каролина во најсилната лига во светот има само 3,9 секунди, без да ја допре топката.
Тоа беше на натпреварот помеѓу Лос Анџелес клиперс и Бостон селтикс во јануари 2010 година, и тоа беше прв и последен пат кога играше во НБА. Тој доби „шанса“ на 3,9 секунди за Клиперси до крајот на третата четвртина и не се врати на паркетот.
Тој немаше идеја дека ќе биде последна средба во неговата НБА кариера, пред сè поради неговиот лош неспортски живот. А го најавуваа како талентиран играч, давајќи просечно по 40 поени во средно училиште, дури и повеќе од легендарниот Мајкл Џордан, кој исто така беше во таа држава.
JamesOn Curry https://t.co/SQGvvmGk5r pic.twitter.com/Y7YJef0SZb
— Jonathan Mitchell (@Jon_Mitchell3) September 28, 2021
Следеше покана на познатиот колеџ Северна Каролина, тој доби стипендија, но брзо беше уапсен за продажба на марихуана. Беше исклучен од тимот, му ја одземаа стипендијата, па се пресели во Оклахома стејт.
Булси го драфтуваа во 2007 година и го испратија во развојната лига, но тој не престана да прави проблеми ниту таму кога доби кривична пријава за мокрење на улица.
Чикаго се откажа од него, па Кари се обиде со францускиот Ортез, но се врати во САД по само неколку натпревари, прво во Г-лигата, за да добие десетдневен договор со Клиперс. Само два дена подоцна, му беа дадени 3,9 секунди, пред да биде отпуштен со „благодарница“ од 100.000 долари.
NBA: Shortest career in NBA history: JamesOn Curry’s 3.9 seconds of glory https://t.co/vuXTpwlxU6
— Trends Wide (@TrendsWide) October 2, 2021
Тој стигна до Венецуела и Италија, и стави крај на кариерата во 2014 година, кога беше уапсен уште еднаш за марихуана, но и за поседување пиштол и давање лажна идентификација, за што помина четири месеци во затвор.
Подоцна работеше во фабрика за храна за кучиња како доставувач, возеше камион, и со голема среќа бил ангажиран да соработува индивидуално со децата од Оклахома Сити Тандер.