КОНЕЧЕН ОДГОВОР: Дали е поздрава туната или сардината?

Конзервираната риба е доста популарен оброк, но дали некогаш сте се запрашале колку е нутриционистички исправна?

Некогаш, особено во време на постите, во денови кога е дозволена риба, конзервираните туна или сардина се одличен извор на протеини. Но, што е поздраво од нив двете?

Туната содржи мала количина жива во себе, која е занемарлива за да може да наштети. Проблемот се појавува ако ја консумирате туната секојдневно, па дури и повеќе од еднаш во денот. Но, за да дојде до реално труење со живата од туната, треба да се изеде навистина преголема количина.

Една конзерва туна содржи околу 18,11 микрограми жива, а дозволен внес е по 1,6 микрограми по килограм телесна маса неделно. Во зависност од каде потекнува може да содржи помалку или повеќе жива.

Наспроти тоа, една конзерва сардини содржи и до 10 пати помалку жива и оваа бројка е константна. Од друга страна, туната е побогата со витамин К, во однос на сардините.

Ако сакате риба, а единствена опција ви е конзервираната, тогаш поздрава варијанта е сардината, поради содржината на токсини во неа.

Видео на денот