Колаче од 1.000 долари

Ако наскоро планирате да го посетите Големото Јаболко и имате желба да се расфрлате со пари, овој текст е совршен за вас…

…особено доколку ги сакате слатките, а посебно оние неверојатните, декорирани со 23-каратно злато. Со цена од 1.000 долари, ова колаче е креирано како дело на Софија Деметриоу, која е сопственичка на „Duchess Cookies“.

Деметриоу подолго време чекаше да направи исчекор на пазарот за луксуз и за тоа го избра колачето од 1.000 долари. „Си помислив во себе, зошто да не креирам нешто што е деликатно, прекрасно и ексклузивно“.

Кулинарската претприемачка го ангажираше Џонатан Чебен, кој е воедно најдобриот пријател на Ким Кардашијан, за да и помогне да ја изрекламира својата нова посластица на социјалните мрежи. „Продажбата скокна за 50 % кога тој не промовираше“, вели Софија.

Да видиме што всушност содржи ова колаче: станува збор за ред велвет колач, кој е едноставно сам по себе превкусен, а содржи и увозна рубин чоколада, која е украсена со 23.000 златни ливчиња.

Нормално, самото колаче не придонесува за својата цена онолку колку што тоа го прават златните ливчиња. Дали би го пробале?

Видео на денот