Кокаин вреден 25 милиони евра најден во кутии со банани во северна Германија

Во шест претставништва на супермаркетите Алди во градовите Росток и во Јармен во кутиите со банани, бил најден кокаин. Полицијата претпоставува дека пратката е тешка еден тон и дека доаѓа од Јужна Америка.

,-Вработените ги осигураа пакетите и ги одвоија од бананите во кутиите.” изјавија од канцеларијата на обвинителството во Росток.

Од компанијата Алди, која има синџир супермаркети во северниот дел на Германија и каде завршиле бананите со кокаин, велат дека се случил инцидент, но не даваат дополнителни информации за да не ја загрозат истрагата.

И претходно во германските маркети завршувале кутии со банани или ананас во кои имало спакувано кокаин, од кои најголема е пратката во Хамбург, кога лани беше најден еден тон.

Видео на денот