Кога не оди удри по тренерот, ЛА Лејкерс го отпушти Волтон

Турбулентната недела во ЛА Лејкерс заврши со отказ за тренерот Лук Волтон кој три години го предводеше тимот и не успеа ниту еднаш да го однесе во плејофот. Претходно, веднаш по одигрувањето на последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната, Ирвин Меџик Џонсон си даде оставка од функцијата претседател на кошаркарски операции.
– Сакам да се заблагодарам на сопственичката Џени Бас која ми даде можност да го тренирам ЛА Лејкерс. Овој тим и овој град секогаш ќе бидат специјални за мене и моето семејство, изјави Волтон кој во трите години како тренер имаше скор од 98 победи и дури 148 порази.
Како негови можни наследници се споменуваа неколку имиња, а најголеми шанси да седнат на клупата на ЛА лејкерс имаат, екс играчот на „езерцата, Тајрон Лу и Марвин Вилијамс кој моментно е асистент во Филаделфија сиксерс. Од трката отпаднаа најзвучните имиња, Џејсон Кид и Марк Џексон кои имаат најголемо тренерско искуство од сите што се споменуваат како идни тренери на „езерцата“.