Кочов: Го разбивме македонскиот синдром

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов е презадоволен од победата и пласманот во финалето во  АБА2 лигата

– Очекував неизвесен и многу поразличен натпревар од првиот и тоа и се случи. МЗТ денеска беше организиран, не брзавме туку бевме трпеливи. Игравме брзо кога требаше, игравме долги напади кога требаше. Спарс игра модерна кошарка и воопшто не беше лесно да се победат. Горд сум на овие играчи. Од почеток верував во оваа екипа, после првите неколку кола се виде дека може да влеземе во АБА. Им требаше време да сфатат дека можат, го разбивме македонскиот синдром и победивме кога беше најтешко. Ова е успех на цел клуб, не само на играчите или стручниот штаб – рече Кочов на прес конференцијата по натпреварот.

Видео на денот