„Ќе те извлечеме од затворот“: Мадона ќе ја спаси Бритни Спирс од ропството

Кралицата на поп музиката, Мадона е уште една позната личност, која ја поддржа борбата на пејачката Бритни Спирс да стави крај на старателството што нејзиниот татко Џејми Спирс го има над животот и имотот на поп-ѕвездата.
Мадона законската одредба поради која Бритни нема контрола над својот живот ја нарече „кршење на човековите права“.

Поп-кралицата објави фотографија на „Инстаграм“, на која позира во розова маица со натпис – Бритни Спирс, и напиша дека ќе ѝ помогне да „излезе од затворот“.
„Вратете ѝ го животот на оваа жена. Ропството е укинато многу одамна! Смрт на алчниот патријархат, кој со векови им го прави тоа на жените. Ова е кршење на човековите права! Бритни, доаѓаме да те извлечеме од затворот!“, напиша Мадона.
Двете пејачки соработуваа во 2003 година кога настана хитот „Me against the music“, а истата година тие се бакнаа додека заедно настапуваа на сцената на Ем-ти-ви музичките награди.
View this post on Instagram
Години подоцна, откако Бритни почна со јавните испади, пејачката откри дека токму Мадона одиграла клучна улога во враќањето
на нејзината кариера.
„Таа навистина ме научи да останам верна на себе. Ме научи тоа покажувајќи ми со дела, а не само на зборови“, изјавила Бритни за „Харперс базар“ во 2011 година.