Караџиќ нема да може да поднесе жалба за доживотната казна затвор

фото: EPA-EFE/PETER DEJONG / POOL

Денеска е одбиено барањето на Радован Караџиќ да му биде дадена можност да поднесе жалба на должината на доживотната казна затвор, која му беше одредена минатиот месец поради геноцид и други злосторства извршени во БиХ, информираат медуимите од регионот.

– Не постои правна основа во Статутот или правилата на Механизмот врз основа на кои Караџиќ може да се жали на правосилната пресуда или на дел од неа – се наведува во одлуката, потпишан од страна на претседателот на Механизмот кој ја донесе оваа одлука, Кармел Агиус.

Кон крајот на март, Караџиќ поднесе поднесок во кој наведе дека смета оти Механизмот направил грешка кога му одредил доживотна казна затвор затоа што не водел сметка за „практиките на судовите во поранешна Југославија“ и со тоа му ги прекршил човековите права.

Караџиќ, исто така, наведе дека Советот на Механизмот не дал образложение за неговата одлука да ја зголеми казната од 40 години на доживотна.

Видео на денот