Канатларовски: Ќе работиме максимално Македонија повторно да игра на Европско првенство

Новиот селектор на македонската репрезентација до 21 година Драган Канатларовски зборува за за предизвиците со кои ќе се соочи заедно со неговиот тим.
Канатларовски се надева дека неговите играчи на секој натпревар ќе го даваат максимумот во обидот повторно една наша У21 селекција биде дел од континенталниот собир.
– Чувствувам уште поголема енергија, уште поголема сила и мотивација да се докажам на новата функција. Македонија до 21 година остави голем печат со учеството на Европското првенство и ќе работиме максимално фокусирано да се обидеме да го повториме тој резултат.
Фудбалерите нека работат, нека бидат подготвени во секој момент да го остават срцето на терен за својата земја. Да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување.
Сигурен сум дека ќе ја оправдам довербата, посебно што зад себе имам големо репрезентативно искуство како фудбалер, но и како предводник на најдобрата македонска репрезентација – вели Канатларовски.
Во стручниот штаб на селекторот Канатларовски се вклучени асистентите Шкумбин Арслани и Драган Начевски и тренерот на голмани, Зоран Мицевски.