„Лажна“ храна – како да ја препознаете?

„Лажната“ храна не само што е опасна за здравјето, туку има и сосема поинаков вкус.
Според кинеското Министерство за здравство, лажните јајца содржат многу штетни состојки. Секој дел од јајцето може да биде лажен – лушпата, белката, жолчката. Иако овој проблем е главно присутен во азиските земји, секогаш е добро да се обрне внимание при купувањето.

Како да се избегне купување лажни јајца?
Лажните јајца имаат многу груби лушпи. Обично се многу поголеми од обичните јајца. Ако лушпата е во ред, гледајте ја жолчката. Ако е премногу жолта, јајцето може да е лажно.

Адитивите што се вбризгуваат во јаболката можат да бидат многу опасни. На јаболката им се додаваат хемикалии кои ги прават да изгледаат преубаво. Исто така, нивното траење се продолжува со премачкување со восок.

Како да се избегне купување лажни јаболка?
Јаболката кои се пресјајни, презелени и преокругли веројатно се третирани со хемикалии. Купете јаболка кои не изгледаат како да се фотокопија едни на други.

Видео на денот