Кајли Џенер сака да се повлече од реалното шоу?

На Кајли Џенер веќе и е здодеано од снимањето на „Keeping Up With The Kardashians“ и најверојатно сака да се повлече од целата таа телевизиска драма.

Шоуто се снима веќе 16 сезони и има и неколку спин-оф сезони, а публиката ги следи сите семејни расправии, интриги, плачења, смирувања и конфликти.

Според извори на светските таблоиди, Кајли наводно се откажала од снимањата, особено откако Тристан Томпсон ја изневери нејзината сестра Клое.

Крис Џенер успеала да ја убеди да се појави во промотивното видео, но Кајли сè уште размислува за опцијата целосно да се повлече од продукцијата.

Видео на денот