Јувентус го жртвува Дибала за португалсксиот суперталент

EPA-EFE/DI MARCO

Пауло Дибала најверојатно ќе биде продаден во летниот преоден рок и со парите заработени од продажбата, Јувентус ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Бенфика, Жоао Феликс.

Италијанскиот тим не планира да го продаде Аргентинецот за помалку од 100 милиони евра, но засега нема пристигнато понуда која ги задоволува апетитите на „старата дама“ но и на самиот фудбалер. Дибала кој го загуби местото во првиот тим од доаѓањето на Кристијано Роналдо, не сака да оди во помал тим од Јувентус и затоа ги одби Атлетико Мадрид и Интер. Тој се надева на понуди од Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед кои најавија дека доколку Аргентинецот биде ставен на трансфер листата, тогаш тие ќе се обидат да дојдат до неговиот потпис.

Италијанскиот тим планира парите кои би ги добил од неговата продажба да ги искористи за португалската сензација, 19-годишниот Жоао Феликс во кого ја гледа идеалната замена за Роналдо.
Бенфика за неговите услуги бара 120 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула но Јувентус се надева дека неговиот менаџер Жорге Мендеш со кого одлични односи ќе успее да ја намали сумата.

Видео на денот