ЈСП ќе купува нови еколошки автобуси

ЈСП – Скопје соопшти дека е распишан меѓународен тендер за набавка на нископодни „CNG“ автобуси. Во соопштението од претпријатието се вели дека истиот е објавен на страницата за е-набавки на клиентите на Европската банка за обнова и развој ЕБОР.

Прибирањето на понудите ќе се врши до 3-ти мај, а постапката ќе се одвива во согласност со правилата и процедурите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со чија позајмица ЈСП Скопје ќе ги купи еколошките автобуси на гас.

Кредитот кој го зеде ЈСП е во виснина од 10 милиони евра. Договорот за кредитот беше потпишан во јануари. Покрај кердитот од 10 милиони евра, ЈСП обезбеди и 1,8 милиони евра сопствени пари, а 1,1 милион евра се грант за техничка соработка во подготовката на проектот.

Се очекува набавката на автобусите да заврши до крајот на оваа година, но колку автобуси ќе се купат ќе зависи од понудата. Се очекува да се купат меѓу 35 и 50 автобуси.

Автобусите треба да бидат со CNG технологија на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на загадување.

Видео на денот