Јогурт лепињи

Состојки:

550 гр брашно
300 мл јогурт
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
масло за пржење

Подготовка:

Во подлабок сад ставете го јогуртот, додајте ги шеќерот, солта, содата, прашокот за пециво и измешајте. Постепено додавајте го брашното и замесете помеко тесто.
Тестото ставете го во најлонска ќеса (за замрзнувач) и оставете го во фрижидер да отстои 10 минути. После тоа тестото размесете го на работна површина и исечете го на седум топчиња. Нека отстои 5 минути, а потоа секое топче со сукало размесете го во круг во големина на тањир. Маслото загрејте го и пржете ги лепињите на умерен оган додека не поцрвенат од двете страни. Служете ги со сирење, ајвар, кајмак или како слатка варијанта со мармалад, крем…

Видео на денот