Јакимовски: 12 милиони евра за термички фасади за осумдесетина згради во Карпош

Стевчо Јакимовски
Стевчо Јакимовски / Фото: МИА

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави продолжение на проектот „Фасади за сите згради во општина Карпош”.

Јакимовски, како што соопшти партијата, се обврза да издвои од општинската каса 12 милиони евра за да обезбеди термички фасади за осумдесетина згради во општината.

– Продолжуваме со реконструкција на фасадите во општина Карпош. Ни останаа уште осумдесетина згради изградени пред 1990 година. Обврска на граѓаните ќе биде да ги заменат прозорите, а наша задача е да ги реконструираме фасадите. Односно да поставиме нови, термички фасади. Оваа зграда на Никола Тесла бр. 18 ќе биде меѓу првите реконструирани фасади, а за оваа намена ќе издвоиме од општинскиот буџет некаде околу 12 милиони евра и со тоа ќе ги покриеме сите обврски. Карпош мора да
блеска, Карпош мора да има ново руво, најави Јакимовски.

Извор: МИА

Видео на денот