Јадете ротквици за подобро здравје

Периодов не може да се замисли без трпеза со ротквици. Овие коренести плодови помагаат за пролетното будење на организмот и ги штитат бубрезите од создавање на камен. Неколку истражувања покажале дека ротквиците содржат супстанции кои важат за одлични борци против рак. Содржината на влакна во овој зеленчук ги чини особено ефикасни во спречување и борба против ракот на дебелото црево.

Ротквиците посебно се препорачуваат за оние кои во текот на зимата прележале бронхит или воспаление на синусите. Освен тоа, се вбројуваат меѓу зеленчукот кој е благотворен за лица кои страдаат од кардиоваскуларни болести, го снижуваат холестеролот, го регулираат нивото на шеќер и крвниот притисок.

Ротквиците ја поттикнуваат работата на црниот дроб и жолчката и ја чистат крвта. Влакната со кои изобилуваат го регулираат празнењето на цревата, па поефикасно се исфрлаат отровите и се спречува појавата на запек.

Овие црвени плодови се значајни и за здравјето на кожата. Успешно го чистат лицето од акни, а делуваат и противвоспалително. Треба да ги јадете, но и да ги ставате на проблематичното место на кожата. Измиксирајте ги ротквиците во блендер, додајте малку вода и нанесете на кожата нежно триејќи ја смесата со врвовите на прстите.

Сокот од ротквици се смета за добар природен лек против уринарните инфекции. Ефикасно го ублажува пецкањето, а одличен диуретик е и помага за исфрлање на бактериите.

Видео на денот