Ја продава венчаницата за да собере пари за развод

Жена од Манчестер која сакала да остане анонимна на Фејсбук Маркетплејс објавила урнебесен оглас за да ја продаде својата венчаница, за да собере пари за развод од нејзиниот сопруг за кого посочува дека е „патолошки лажго“.

Таа во описот на огласот напишала „Катастрофа“ како и тоа дека нејзиниот фустан е „подолг од нејзиниот брак“.

„Венчаницата е со големина 18, а би можела да одговара и на големина 14/16 и на неа не се правени никакви промени… За разлика од мојот живот.. Би препорачала да најдете добро хемиско чистење, за да се решите од сета лоша среќа која доаѓа со неа“, пишува на огласот.

Жената веќе на профилот објавила неколку слики од елегантната венчаница, но ги замолила потенцијалните купувачи да не бараат од неа дополнителни фотографии, а причината за тоа е што не можела да ја гледа  венчаницата.

Видео на денот