Израелската окупаторска армија застрела еден Палестинец

EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Израелската армија застрела еден Палестинец за време на извршената рација во кампот Календија, кој се наоѓа во северниот дел на окупираниот Ерусалим.

Според информациите добиени од очевидците, израелските сили утрово вршеле рација во бегалскиот камп Календија, каде што отвориле оган врз едно возило во кое се наоѓал 23-годишниот Али Адван.

Според палестинските извори, израелските војници околу еден час го задржале телото на Адван, а потоа го предале на палестинскиот здравствен центар.

Видео на денот