Изненадувачки раст на биткоинот!

Цената на биткоинот се зголеми изненадувачки денеска на највисоко ниво од ноември, што доведе до зголемување на вредноста на криптовалутите, објави „Bloomberg“. Ова става крај на кварталниот мир на виртуелниот девизен пазар, кој моментално вреди 160 милијарди долари.

Трејдерите се обидуваат да ја наведат причината за поскапувањето што го испрати биткоинот накратко над границата од 5.000 долари и зголеми вредноста на дигиталните валути со околу 17 милијарди долари за помалку од еден час. Најпопуларната криптовалута се зголемува за 13,45% на 4.678,37 долари кратко предпладне, според „Coin Desk“.

Рипл, етериум и лајткоин исто така забележија зголемување на цената, а движење во нагорна насока забележаа и акциите на компании во Азија, кои се поврзани со криптовалутите.

Иако ненадејната промена во цената на биткоинот не е нешто ново, движењата на виртуелната валута се релативно депресивни во оваа година. Причината е 74% од падот што го погоди биткоинот во минатата година и обесхрабрувањето на инвеститорите дека валутата не може да биде широко прифатена.

„Пазарот на биткоини и воопшто крипто-пазарот продолжува да биде мал во споредба со останатите пазари“, коментира Џехан Чу, управен директор во блокчејн инвестициската и консултантска компанија „Kenetic Capital“. Според него, ништо посебно не се случува денес, освен привремениот ентузијазам.

Џорџ Харап, извршениот директор на „Bitspark“, смета дека сѐ уште нема катализатор за ненадеен скок во цената и секој би можел да претпостави што е причината.

Видео на денот