Ивановски со медал и национален рекорд на Балканското првенство во Битола

Ивановски држи највеќе рекорди на сите времиња во Македонија во кралицата на спортовите/Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Атлетската федерација на Македонија во Битола денеска во склоп на Градската атлетска трка „ТРЧАЈ БЕ“ го организираше Балканското првенство во полумаратон.

Нашата земја беше домаќин на 10 јубилејно Балканско првенство, учествуваа натпреварувачи (мажи и жени) од 10 држави членки во индивидуална и екипна конкуренција, па патеката долга 21 километар низ улиците на Битола, „Градот на конзулите“.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ги поздрави учесниците и следачите на третото по ред издание на манифестацијата „Трчај бе“, а воедно упати честитки до организаторите, за успешноста и масовноста на оваа трка.

Беше направен голем подвиг на македонската атлетика, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова истрчаа национални рекорди на Балканското првенство во полумаратон.

По соборувањето на националниот рекорд во полумаратон, Ивановски е атлетичарот кој и понатаму држи највеќе рекорди на сите времиња во Македонија во кралицата на спортовите:

1000м отворено – 02.28.04 !
1500м сала – 03.44.98 !
3000м сала – 08.03.65 !
3000м отворено – 08.06.66 !
5000m отворено – 14.02.32 !
10000м на пат – 29.58 !
10000м отворено – 30.04.66 !
Полумаратон – 01.06.08 !

Преглед на резултатите –

21к Балканско Мажи
1. Илие Александри Корнески – Романија
2. Ахмед Алканоглу – Турција
3. Дарио Ивановски – Македонија

21k Балканско жени
1. Маринела Нинева – Бугарија
2. Лилиана Марија Драгомир – Романија
3. Неја Кршинар – Словенија

10k Мажи
1. Димитар Петровски
2. Кристиан Стојани
3. Трајче Илијевски

10k Жени
1. Билјана Кираџиева
2. Душица Јанковиќ
3. Марина Домазетовска

5к Мажи
1. Пепи Анакијев
2. Кристијан Наумовски
3. Михаел Ван Баелен – Белгија

5k жени
1. Милена Чкрипеска
2. Цеца Србова
3. Мери Чкрипеска

Видео на денот