Истанбулскиот канал објаснет во 7 точки

  1. Што подразбира новиот Истанбулски канал?
  • Вештачки пробиен канал што ќе го поврзува Црното со Мраморното Море и Средоземјето
  • Ќе претставува алтернативна рута за морскиот транспорт на Босфорскиот премин, а ќе биде побрза, посигурна и попрофитабилна за бродски сообраќај
  1. Зошто се гради новиот Истанбулски канал?
  • Главната причина за изградбата на овој мегапроект е заштита на градот Истанбул и сите ризици и загадувања што ги подразбира бродскиот транспорт низ Босфорскиот премин
  1. Профитира ли Турција од бродскиот сообраќај низ Босфорскиот премин?
  • Турција нема профит од постоењето на Босфорскиот премин
  • Според меѓународната Конвеција од Монтре за бродски сообраќај, Турција наплаќа многу лимитирани такси за пружање услуги за бродовите кои пловат низ Босфор
  1. Каква е безбедноста на сообраќајот низ Босфорскиот премин?
  • Босфор е еден од најопасните морски премини во светот, со 19 остри свиоци, со неколку под агол од 80 степени
  • Како резултат на силните и непостојани подводни струи, за последните 4 години се случиле 65 инциденти со помали и поголеми последици
  • Преминот не е безбеден ни за патнички бродови, кои имаат ограничувања за тежината воведени од 2010 година
  1. Има ли ризици и инциденти по животната средина на Босфор?
  • На 15 ноември 1979 година се случи една од најтешките бродски хаварии на Босфор
    • Во експлозијата на танкер беа искршени сите прозорци на објектите во областа Кадикој, која гледа на Босфор
    • Загинаа најмалку 51 членови на бродската посада
    • Предизвиканиот оган не можел да биде изгаснат еден месец
    • 000 тони сурова нафта се излеа во преминот убивајќи 96% од морскиот свет
  • Во случај на слична несреќа денеска, со оглед на зголемениот сообраќај на танкери, последиците би биле неспоредливо поголеми по Истанбул
  1. Дали новиот Истанбулски канал би бил безбеден за бродски транспорт?
  • Новиот канал би немал опасни свиоци, а најостриот би бил под агол од најмногу 10 степени
  • Би се изградиле неколку попатни пристаништа за превенирање или брзи реакции при бродски хаварии
  1. Кои би биле еколошките придобивки од новиот Истанбулски канал?
  • Штетите по природното окружување на Босфор, предизвикани од вревата на бродските пропелери, до отпадот што го создава бродскиот сообраќај, значително ќе се намалат
  • Ќе се превенира ризикот врз човечките животи, екологијата и историските градби кои со векови постојат на Босфор
  • Областа околу новиот канал ќе се прогласи за „археолошки парк“, со големи зелени површини и национални паркови

Извор: Анадолу Агенција

Видео на денот