Исповед на човекот кој можеше да биде подобар од Роналдо: Имав голем талент, па сметав дека труд не ми е потребен

Фото: Screenshot

Името Фабио Паим е непознато за пошироката фудбалска јавност, но тој е единствениот човек за кого Кристијано Роналдо јавно признал дека го смета за подобар од себе.

За животот на овој Португалец дефинитивно може да се напише филм или сними книга. Паим е пријател и соиграч на Роналдо од неговите почетоци, а двајцата јаделе хамбургери од Мекдоналдс кои останувале и се фрлале, денес нивните животи се сосема различни.

„Ако мислите дека јас сум добар, почекајте да го видите Фабио Паим“, беше изјавата на Роналдо во 2000 година кога потпиша за Манчестер Јунајтед.

Денес и самиот Паим е свесен дека имал талент кој залудно го потрошил, а себеси се смета како еден доказ дека работата секогаш победува.

„Бев навистина посебен. Морам да бидам скромен, но тоа е вистината. Тогаш за жал не постоеа Инстаграм и Фејсбук за нешто да снимам и сите да ме видат, но цврсто и искрено верувам дека до денес не се појавил некој со ист квалитет како мене.

Кристијано стигна до нивото до кое заслужува. Но ако јас го имав истиот труд и посветеност ќе бев подобар од него. Ако зборуваме за техниката, бев подобар. Бев малиот Роналдињо. Сепак, како што гледаме, не е техниката таа што не води до успех. Но, да во тоа време бев подобар од Кристијано. Верувам дека би требало да ми даде една од неговите Златни топки“, изјави Паим за британски „Сан“.

Неговиот голема талент бил и причина да смета дека не треба премногу да се труди и да работи на себе. Тука биле и забавите на кои бил редовен.

„За моја несреќа, бев роден со голем талент, па сметав дека не треба да работам и да се трудам многу. Заработував многу пари и стекнав илузија дека и без поголем напор ми оди одлично. Невозможно е човек како мене да биде милионер, жалам поради некои свои избори. Сега сум во други години и ја гледам сликата поинаку. Талентот беше тука, но мојот ум не. Главата ми беше само кон жени и журки“.

На крајот и завршил во затвор поради пет грама кокаин, а зад решетки поминал една година.

„Затворот во кој бев беше покрај теренот на кој игра репрезентацијата на Португалија, па така секојдневно ги гледав како тренираат за квалификациите за Европското првенство 2020. Бев таму со причина и никогаш не помислив: Ах, Кристијано е таму, требаше и јас да сум…Затворот беше навистина тежок за мене, но во исто време и добар за да научам некои работи на потешкиот начин“, заврши Паим.

Во кариерата Паим го носеше дресот на клубови во Кина, Ангола, Литванија, Катар, Малта, Бразил, а се пензионираше во третата лига во Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот