Интерпол го уапси последниот бегалец од крвавиот „27 април“

Шведското биро на Интерпол денеска околу 17 часот во близина на Стокхолм го уапси Дејан Давидовски, кој се криел во шведската престолнина неколку месеци.

Првичните информации од Шведска се дека, како што дознава „Слободен Печат“, бегалецот имал логистичка поддршка од нашинци кои живеат и работат во таа земја.

Тој бил лоциран неодамна, но Интерпол не брзал со апсењето, бидејќи ги чекал од Скопје сите детали за изгледот и физиономијата на бегалецот.

Откако се утврдило дека мажот е Дејан Давидовски, со судски налог и со асистенција на шведската полиција агенти на Интерпол попладнево го уапсиле, а судија од Кривичниот суд во Стокхолм на Давидовски веќе му одреди екстрадициски притвор.

Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година.

 

 

Видео на денот