Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски” започнува од утре во Кино Култура

Со проектот „Кaко се прави човек“ на режисерката Хана Миленковска, утре (4 април) во Кино Култура од 20 часот, ќе почне 12-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, посветен на професионалното независно театарско творештво.

На програмата се вкупно шест претстави, меѓу кои и „Кокошка“ од Бугарија, во режија на Ана Батева, „Машината на Пинокио, Ти не си еден од нас“ на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, Италија, интерактивниот перформанс „Јас сум актер – човек“, на режисерката Теа Беговска, „Соништата на Хамлет“, на исклучителниот актер и режисер Ментор Зимберај од Косово и претставата „Дневникот на лудиот“ во изведба на Бобан Алексоски, а во режија на Ѓорѓи Ризерски.

Интернационалниот театарски фестивал е во организација на независниот „ТЕАТАР 007“, заедно со Дом на култура „Кочо Рацин“, а се реализира со финансиска поддршка од Град Скопје.

Видео на денот