Инфлацијата во Турција останува на нешто помалку од 20 проценти

Инфлацијата во Турција се задржа на ниво од малку под 20 проценти во март, покажуваат податоците, објавени денеска, неколку дена по локалните избори во Турција, чии резултати досега покажуваат дека владејачката партија е на пат да ги изгуби главни градови.

Инфлацијата во малопродажните цени на годишна основа изнесуваше 19,71 посто во март, објави турскиот Институт за статистика (Туркстат). Податоците покажуваат благ пораст во однос на февруари, кога инфлацијата изнесуваше 19,67 проценти.

Највисоката годишна инфлација од 29,77 проценти е забележана за храна и безалкохолни пијалаци.

На почетокот на март, централната банка ја остави главната каматна стапка непроменета со 24 посто, наведувајќи го малиот пад на инфлацијата.

Состојбата на економијата беше голема загриженост за гласачите на локалните избори кои се одржаа во неделата. Инфлацијата е на ниво од пред 15 години, кога скокна на 15,39 проценти, а во октомври таа надмина 25 проценти.

Податоците од турскиот Институт за статистика во март покажаа дека Турција влезе во рецесија за прв пат од 2009 година, по два последователни квартали од падот на БДП-то во втората половина од 2018 година.

Во меѓувреме, на крајот на минатата недела аналитичарите од компанијата за кредитно осигурување „Coface“ посочија дека раните показатели за производството и потрошувачката во земјата за првите три месеци од новата година покажуваат различни перспективи пред Турција. Економијата на земјата се намали за повеќе од очекуваното за 3% на годишно ниво во четвртиот квартал од 2018 година.

Според податоците приватната потрошувачка во земјата, што претставува околу 60% од бруто домашниот производ (БДП), е намалено за 8,9% на годишна основа во четвртиот квартал на 2018 година. Корисниците исто така се погодени од драстичното зголемување на каматните стапки на кредитите.

Видео на денот