Официјално: Стадионот именуван во „Национална арена Тоше Проески“

Портпаролот на Владата на Северна Македонија, Миле Бошњаковски потврди дека на редовната седница на Владата донесена е одлука за преименување на најголемиот стадион во Македонија.

„Утрово на редовната 129. седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, напиша на Твитер, портпаролот Миле Бошњаковски.

Видео на денот