ИКАС 2019 и Европски куп во спуст викендов на Матка

Во спортско-рекреативниот центар Матка, на кајакарската патека, викендов (6 и 7 април) ќе се одржи 51. меѓународен Илинденски кајак слалом – ИКАС. Заедно со слалом-натпреварот и оваа година во овој термин ќе се одржи првото коло од Европскиот куп во спуст (дисциплина спринт).
На 51. издание по ред на ИКАС ќе настапат 64 натпреварувачи од 10 земји кои ќе бидат поделени во 6 категории. Квалификациските трки ќе се одржат во сабота, а финалните се на програмата в недела.

Во натпреварите на Европскиот куп во спуст ќе настапат 44 натпреварувачи од седум земји, меѓу кои и голем број од водечките имиња во овој спорт.
Квалификациските трки ќе започнат во 10 часот, а во 13 часот ќе стартува европскиот куп во спуст.

Видео на денот