И Антиќ му честита на Новицки

Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ се придружи на многумината кошаркари, спортисти и јавни личности кои му честитаа на легендарниот Германец Дирк Новицки за фантастична кариера.
„Еден од најдобрите крилни центри кои некогаш ја играле оваа игра. Чест ми е што имав можност да играм против него. Честитки за одличната кариера, Дирк“ – напиша Антиќ на својот профил на Инстаграм.
Антиќ покрај порака објави фотографии од меѓусебните репрезентативни дуели, но и од НБА лигата кога Антиќ настапуваше за тимот на Атланта хокс.
Дирк Новицки пред два дена стави крај на фантастичната кошаркарска кариера која траеше 21 година.
Видео на денот