Хрватска постави неславен светски рекорд!

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во Хрватска во последниве десет години работната сила се намалила за околу 500.000 лица.

Околу 250.000 исчезнаа поради падот на наталитетот, а сè повеќе повозрасни лица заминуваат во пензија. Земјата негативен минус бележи и поради сè поголемата миграција – околу 250.000 лица заминале во странство.

Денис Делогу од агенцијата „Астра центар Хрватска“ објави податок на меѓународната агенција „Manpower“ дека Хрватска е светски рекорден во однос на недостатокот на работна сила во однос на бројот на вработени, пренесуваат хрватските медиуми.

„За жал ова е неславен рекорд. Тоа е моменталната состојба и треба веднаш да се одговори. Владата значително ги зголеми квотите, но далеку е Хрватска да ги исполни. Најмногу се погодени секторите туризам, градежништво, преработувачката индустрија, услужните дејности, големиот недостаток на возачи. Во хрватското здравство исто така недостигаа работници“, наведува Делогу, нагласувајќи дека со ваквата економија, Хрватска би можела да биде атрактивна за земјите од Азија или Јужна Америка.

Од земјите со кои се гранични Хрватска, не може да смета на работна сила. Причината за тоа е што голем број жители на БиХ и Србија имаат заминато во Германија и Австрија. Раположливата работна сила исто така заминува и во други земји од ЕУ.

Видео на денот