Хазби Лика нема дадено оставка од ДУИ

Во врска со информациите за оставката на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика и за неговото преминување во БЕСА, анонимни извори од ДУИ, за Слободен печат тврдат дека тоа се само шпекулации и немаат никаква врска со вистината.
Партиски извори велат дека Хазби Лика е идеалист кој никогаш не би го напуштил лидерот Али Ахмети.
– И да има евентуално повлекување на Хазби Лика од ДУИ, тој никогаш не би преговарал за преминување во друга партија – посочуваат нашите извори.
Слободен печат се обиде да стапи во контакт и со Хазби Лика, но коментар од него не успеавме да добиеме.
Видео на денот