Хаос во БиХ, хулигани крвнички тепаа судија (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Полет од Паланка и Омазиќ во регионалната трета лига на БиХ ќе остане запаметена по немилите сцени каде што најлошо помина судијата Хусеин Свракиќ.

Гостите победија со 1:0, а веднаш откако отсвири крај на натреварот, судијата беше нападнат од 20-тина хулигани и едвај спаси жива глава.
Незадоволни од резултатот тие го соборија на земја и со нозе и тупаници го тепаа Свракиќ кој некако успеа да стане и спасот да го побара во домашната соблекувална.

– Група од 20-тина момци втрчаа на терен и почнав да бегам. Сепак, ме соборија на под, ме удираа со нозе, со боксови. Некако успеав да се спасам, не знам ни самиот како и почнав да бегам и стигнав до домашната соблекувална. Подоцна завршив во болница – изјави несреќниот Свракиќ.

Видео на денот