Гурбиндо дефинитивно си заминува: Во Вардар не го пронајдов проектот кој ми го ветуваа во преговорите

Следен клуб на Гурбиндо ќе биде Динамо Букурешт/ Струга/ фото: РЛ Вардар 1961

Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо летово пристигна во Вардар 1961 како големо засилување, но веќе си заминува и тоа по одиграни неколку контролни натпревари.

Неизвесноста која летово висеше над „црвено-црните“, односно барањето на ЕХФ до македонскиот клуб да уплати депозит во висина од милион евра, ги поремети плановите како на управата на Вардар така и на шпанскиот ракометар.

Гурбиндо за шпанските медиуми откри дека тоа што му било ветувано при преговорите, не се реализирало и поради тоа побарал раскин на договорот кој на крајот го добил и наскоро се сели во Динамо Букурешт.

– Кога преговаравме за моето доаѓање ми кажуваа едни работи за Вардар, ми претставуваа сериозен проект. Но, кога дојдов во Скопје, тоа што го видов е сосема различно од она што ми беше најавувано. Трансферот во Динамо Букурешт e договорен и се чека само на некои документи за истиот да биде официјализиран – изјави Гурбиндо за шпанските медиуми.

Видео на денот