Готвачот Гордон Ремзи стана татко по петти пат

Фото Профимедиа

Популарниот британски готвач и неговата сопруга Тана станаа родители по петти пат.

Среќната вест Ремзи ја објави на Инстаграм. Бременоста на Тана тие ја чувале во тајност, бидејќи пред две години изгубија бебе во петтиот месец.

„По три Бафта награди и една Еми, конечно освоивме и Оскар. Ве молам да му посакаме добредојде на Оскар Џејмс Ремзи, кој се роди денеска во 12:58 часот, за време на ручек“, напиша готвачот во описот на фотографијата.

Видео на денот